Изјава за медиуми, Бојана Ацева, советничка во Советот на Општина Кисела Вода
„Како советници од советничката група на СДСМ реагираме на зголемувањето на долговите на општината од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и недомаќинското трошење на народните пари.
Овие нови долгови кои ги прави локалната власт на ВМОР-ДПМНЕ во изминатата една година се врз грбот, врз џебот на граѓаните на Кисела Вода.
За само 1 година и 3 месеци, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски го зголемиле долгот на општина Кисела Вода за 40 милиони денари!
Ако во 2021 година долгот на општината бил 56 милиони денари, сега долгот е неверојатни 96 милиони денари!
Ако се додадат и долговите кон добавувачи се доаѓа до огромни 146 милиони денари долгови!
Она што е уште пострашно е фактот дека наместо за проекти парите на граѓаните на Кисела Вода се трошат ненаменски и недомаќински.
Еве еден пример конкретен пример, покрај партиските вработувања се зголемуваат трошоците и количините за набавка на гориво.
Оваа 2023 година општина Кисела Вода ќе потроши повеќе пари на граѓаните за гориво во споредба со минатата 2022 година кога цените на горивата беа повисоки.
Ако во 2021 и во 2022 година се одвојувале по околу 800тини илјади денари за набавка на гориво, оваа година ќе се потрошат 20 отсто повеќе, односно точно ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ.
Како е тоа можно и зошто повеќе?
Особено што Ѓорѓиевски пред јавноста и на социјалните мрежи тврди дека не користи службено возило а се фалеше и дека ги запленил клучевите од службените возила.
Како тогаш за оваа година ќе потроши повеќе народни пари за набавка на гориво од лани?
Зошто е потребно да се трошат повеќе народни пари, да се набавува повеќе гориво, ако Ѓорѓиевски не користи службено возило и ако ги одзел клучевите од службените возила?
Или изјавите дека не се користат службени возила се невистинити?
Очекуваме одговори од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за ова расипничко, недомаќинско трошење на парите на граѓаните на Кисела Вода.