Денот на вљубените може да стане денот на апокалипса, голем астероид би можел да ја погоди Земјата

Денот на вљубените во 2046 година би можел да биде ризичен за човештвото, бидејќи токму тогаш голем астероид би можел да падне на Земјата.

Сите досега забележани астероиди блиску до Земјата, следени од НАСА, не претставуваат никаква опасност за Земјата, но сега е откриен првиот кој е вклучен во официјалната листа за мерење на ризикот од судир со Земјата.

НАСА известува дека има „мали шанси“ астероид со големина на базен да удри во Земјата на 14 февруари 2046 година.

Проекциите на Европската вселенска агенција покажуваат дека шансите споменатиот астероид да удри во Земјата во 2046 година се еден спрема 625, но проекциите на НАСА велат дека шансите се малку повисоки – еден спрема 560.

Потенцијално опасниот астероид е наречен „2023 DV“ од НАСА и е единствениот вселенски објект рангиран како еден од десетте на списокот за опасност од удар.

Астероидот „2023 DV“, кој првпат беше забележан на 2 февруари годинава, е со дијаметар од околу 50 метри.

Најблиску што астероидот треба да дојде до Земјата е околу 1,8 милиони километри, според НАСА.

Треба да знаете
Последни објави