Медведев ја навреди Украина, предложи ново име за државата

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во последната изјава ја навреди Украина предлагајќи ново име за оваа земја.

Тој предложи Украина да се преименува по озлогласениот нацистички соработник Степан Бандера.

Неговиот предлог дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече на неговата влада да го разгледа предлогот за промена на името на Русија.

Во петокот Зеленски предложи Русија да се преименува во Москва.

Степан Бандера бил еден од водачите на украинското национално движење во западна Украина, водач на контроверзната Организација на украинските националисти за време на Втората светска војна, пишува загрепскиот Н1.

Треба да знаете
Последни објави