Тетовка обвинува: На Онкологија во Скопје добив лажна дијагноза за рак на дојка, па ми ги отсекоа градите

Пациентка од Тетово со двојна масектомија бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија кои сугерирале итна операција поради сомневање за канцер, пишува Слободен печат. 

„Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви ги отстраниме градите. Воопшто не сте имале карцином”.

Овие реченици што ужаснуваат, 56 – годишната С.С. од Тетово ги слушнала од лекар во приватна болница во Скопје во 2018 година и оттогаш ќе ја прогонуваат ден и ноќ. Животната радост која дотогаш ја чувствувала оваа жена ќе биде поттисната под тешкиот камен на гневот, неодговорените прашања и посетите во ординациите на психијатрите.

Во редакција на Слободен Печат таа дошла истоштена, растреперена и како штотуку разбудена од шок. Шокот за неа трае петта година, а измешан е со лутина и една внатрешна потреба:

-Некој мора да одговара за тоа што ми беа отстранети градите поради лажна дијагноза за канцер. Ми кажаа дека мора итно да се оперирам, а кога се вратија резултатите од хистопатологија после операцијата, во ткивавата од отстранетите гради, имаше мастит, а не канцер

Треба да знаете
Последни објави