Почина Богдов- бизнисменот кој фабриката им ја даде на вработените

Синоќа во Штип ненадејно почина реномираниот бизнисмен Ванчо Богдов, кој пред две години ја даде својата фабрика „Вабо“ на користење на работниците за тие да менаџираат со неа преку избран менаџмент составен од искусни конфекционери и квалитетни инженери. Богдов имаше 62 години.

Како што вели менаџментот, тој цело време им помагал, па на почетокот од годинава заедно сумирале дека претходната година ја завршиле успешно со добри и редовни плати, со обезбеден извозен пазар и со успешно стопанисување во услови на енергетска криза.

„Неговите совети беа драгоцени, помошта што ни ја пружаше беше неизмерна. Ни даваше идеи како да ја пребродуваме општата економска криза и како да се справуваме со високите цени на енергенсите. Од него научивме многу, но неговото присуство и неговите предлози секогаш ќе ни недостасуваат. Сите вработени сме во шок. Во знак почит фабриката ‘Вабо’ денешниот и утрешниот ден ги прогласува за денови на жалост и фабриката нема да работи“, вели менаџментот.

Треба да знаете
Последни објави