Најмалку две лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во Будимпешта кога возач на автомобил удрил во пешаци што стоеле на тротоарот и чекале да ја преминат улицата.
Инцидентот се случил нешто по 8 часот недалеку од центарот на градот, а според првичните информации, возачот удрил во најмалку пет лица.
Екипите на итната помош бргу пристигнале на самото место, а засега се знае дека едно младо момче е пренесено во болница.
Медиумите пишуваат дека станува збор за возачот на автомобилот.
Според написите, возачот рекол дека му е лошо и затоа изгубил контрола над воланот.
„Излеговме од метрото и на пешачкиот премин чекавме да свети зелено светло и потоа луѓето паднаа над мене. Успеав да видам црн автомобил, кој се качи на тротоарот. Станав и отидов да им помогнам на луѓето околу мене“, изјави еден очевидец.