Ахмети за средбата Вучиќ-Курти во Охрид:  Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од настан во тетовско Селце се осврна на претстојната средба во Охрид во сабота каде се очекува косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ да потпишат договор и оценувајќи ја како финална постапка за помирување. Ахмети смета дека меѓународната заедница не сме да го повтори случајот со Босна и Херцеговина.

-Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти, премиерот, претседателот на Собранието и претседателот, пратениците и опозицијата на 18 март во Охрид да се донесе стабилна и правична одлука за Косово конечно влегува на патот без враќање на интеграциите во светските структури на ОН, НАТО и ЕУ. Ги охрабруваме властите без двоумење да одлучат за иднината на Косово и тие го имаат нашиот грб. Но, апелираме и до меѓународната заедница, до посредниците за овој договор за помирување, да не се случи случајот со Босна, каде Босна е нефункционална држава и лош пример, затоа секое решение што ќе се постигне на 18 март во Охрид, треба да биде во служба на решението, траен мир и во целосна согласност со авторитетот на Косово како легитимен претставник на илјадници и илјадници жртви, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети зборуваше на настанот наречен „Пролет на достоинството“ во тетовското село Селцe кој што се организира повод 14 март 2001 кога почна вооружениот конфликт во Тетово.

Треба да знаете
Последни објави