Германските компании ја гледаат земјава како добра можност за инвестирање, но и како соодветно место за префрлање на своето производство од оние земји кои се несигурни поради руско-украинскиот конфликт. Сепак, се уште забележуваат на недоволно брзите бирократски процедури.
Како што рече денеска в.д. амбасадорот на Германија Ото Граф, секој што води бизнис и произведува, има интерес постапките да бидат што поефикасни. Онаа земја што тоа ќе го понуди, ќе ги привлече инвеститорите.
-Се надеваме дека Северна Македонија ќе ги поедностави и забрза сите постапки. За сите германски фирми тука, Северна Македонија е одлично место за производство. Руската агресија доведе до тоа да се префрли производството на други места. Северна Македонија е преферирано место за префрлање на производството, а една од причините е што е членка на НАТО и има одредена предност во однос на безбедноста, порача Граф по средбата на германската бизнис делегација со вицепремиерот Фатмир Битиќи во Владата.
Во однос на потребата од работната сила, в.д. амбасадорот напомена дека сите треба да дадат придонес – Владата, образовните инстутуции и германските претпријатија.
-Ако сакате нешто да произведете или да сте активни, може да видите што има на пазарот или да ја преземете одговорноста и тоа е она што го прават германските фирми – го поддржуваат дуалното стручно образование, не чекаат доволен број работна сила, туку сами придонесуваат во таа насока за да се осигураат дека ќе има доволно квалификуван кадар и во иднина, подвлече Граф.
И тој и Битиќи се согласија дека двете земји имаат интензивна економска соработка. Во моментот тежиштето е на автомобилската индустрија и на здравството, но со тенденција да се продлабочи во сите сфери.
-Германија е важен економски партнер и наш главен извозен пазар. Од друга страна, повеќе од 200 компании со германски капитал работат во земјава и вработуваат околу 20 000 луѓе. Показател за добарат соработка е реинвестирањето на германските компании во нашата земја. Оние кои се веќе тука, остануваат и го зголемуваат производството и бројот на вработени. Тие воедно го шират и добриот збор за земјава, но и добрите инвестициски услови на други компании кои ја одбираат Северна Македонија за свој партнер. Една четвртина од вкупната трговска размена на државава отпаѓа на Германија, а ние имаме значителен суфицит, односно повеќе извезуваме токолку што увезуваме, изјави Битиќи.
Тој потсети дека земјава нуди предвидлива бизнис клима, отворена за соработка, како и одлична поддршка за инвеститорите.
-Само портфолиото во мојот Кабинет е составено од над 600 компании кои ги поддржуваме во инвестиции, истакна Битиќи.
На средбата во Владата германската бизнис делегација на Источниот комитет на Германското стопанство ја сочинуваа компании од областа на енергетиката, хемиската индустрија, здравството, банкарството, консултантските услуги, образованието, воздухопловството,…