Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го стресе тлото западно од Крит и југозападно од Китера. Нема информации за штети и жртви, а исклучена е можноста од цунами.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди попладнево и турската провинција Кахраманмараш.
Управата за управување со катастрофи соопшти дека земјотресот е регистриран во областа Чаглајанчерит во Кахраманмараш во 17:49 часот, на длабочина од 5,3 километри.
Претходно, минатиот месец, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала се случија во интервал од девет часа во провинцијата Кахраманмараш во југоисточна Турција. Земјотресите беа почувствувани во 11 провинции во државата и соседните земји, вклучително и Сирија. Турските власти земјотресот го нарекоа „катастрофа на векот“. Бројот на загинатите достигна 48.400 луѓе, телата на 1.615 мртви се уште не се идентификувани, пренесе РИА.
🔔#Earthquake (#σεισμός) M5.6 occurred 118 km S of #Areópolis (#Greece) 10 min ago (local time 18:36:01). More info at:
— EMSC (@LastQuake) March 14, 2023
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/RLV5HZ77dQ
🖥https://t.co/uukcdGGHKu pic.twitter.com/5ZCAE2TJaL