Кочанец објавил компромитирачко видео од жена, на виничанец не му успеала уцената па објавил фотки од уценуваната

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина.

Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.С.(22) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена” и „злоупотреба на лични податоци”.
Во периодот од 05.12.2022 до 27.01.2023, пријавениот уценувал женско лице дека преку социјалните мрежи ќе објави компромитирачки фотографии од неа.
Потоа, пријавениот на лажен профил објавил две компромитирачки фотографии.

Треба да знаете
Последни објави