Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата земја е побезбедна од САД одговарајќи на критиките за безбедноста во Мексико, откако четворица Американци беа киднапирани во северниот дел на земјата претходно овој месец, а двајца од нив загинаа.
– Мексико е побезбедна земја од САД. Нема проблем безбедно да се патува низ Мексико, рече тој на прес-конференција одговарајќи на прашање за американските предупредувања за патувања во Мексико.
Лопез Обрадор рече дека американските туристи и Мексиканците кои живеат во САД се добро информирани за безбедноста во земјата и рече дека има зголемување на бројот на Американци кои се населуваат во Мексико.
Критиките за работата на државата за криминалот беа дел од кампањата против Мексико, предводена од конзервативни американски политичари кои сакаат да го попречат развојот на земјата, рече Лопез Обрадор.
Според податоци објавени од Светската банка, во 2020 година стапката на убиства во Мексико била 28 на 100.000 луѓе, или околу четири пати поголема од стапката во САД.
Амбасадата на САД во Мексико сè уште не го коментираше ова прашање.