Пратениците расправаа по извештајот на ДЗР за 2021 година

Собранието денеска ја одржува 79. пленарна седница на која пратениците разгледаат повеќе точки, меѓу кои и е Предлогот на закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Пратениците досега разгледаа повеќе точки од дневниот ред, од кои и предлозите на закони за зоотехника и за изменување и дополнување на Законот за семејство, Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година.

Во однос извештајот на ДЗР за 2021 година, Бојан Стојановски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ги содржи сите аргументи изнесени од опозицијата.

– На сите овие страници на овој Извештај за 2021 година, се оние аргументи кои опозицијата ги кажуваше во текот на целата година. И покрај тоа што е за 2021 година, јас ве уверувам дека колку и да е овој извештај страшен, колку и јасно да ги кажува неспособностите на институциите на Владата, тој што го очекуваме е дополнително полош, изјави Стојановски.

Седницата треба да продолжи попладнево по паузата. 

Треба да знаете
Последни објави