Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека денешните европски лидери го изгубиле инстинктот за национален интерес.
– Според мене, Европејците го загубија генот на независност, суверенитет и национален интерес. Колку повеќе ги удираат по носот или главата, толку пониско се наведнуваат и пошироко се насмевнуваат. Тешко дека нешто може да се промени таму. Таква е генерацијата на денешните лидери. Го изгубија инстинктот за националниот интерес – изјави Путин во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.
Како што додаде, причините за тоа се политички, економски, информативни и поврзани со индустријата. Путин оцени дека ова ќе се промени еден ден, но кога – тешко е да се каже.