„Русите силуваа украински деца“: Судот во Хаг покрена две постапки за воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе отвори два случаи за воени злосторства против Русија поврзани со агресијата врз Украина, објави Њујорк Тајмс.

Добивај вести на вибер

Судот со седиште во Хаг ќе бара налози за апсење на неколку Руси обвинети за киднапирање на украински деца, пишува Тајмс, повикувајќи се на официјални лица запознаени со одлуката, кои не биле овластени да зборуваат.

Овие случаи ќе бидат првите меѓународни обвиненија од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.

МКС започна истрага за воени злосторства во Украина минатиот март.

Русија ги отфрли обвинувањата за воени злосторства,пренесе Нова.рс.

Треба да знаете
Последни објави