Собранието денеска ќе ја одржи 79. пленарна седница на која ќе бидат разгледани неколку точки, меѓу кои и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно -информативни центри во Белград и во Скопје.
За денеска најавени се и две заседавања на Законодавно – правната комисија на која меѓу другото ќе биде разгледана и Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.