Стојановиќ: Во затворите има 2100 кревети, а казна одлежуваат 2260 лица – некои спијат на под на душеци

Негово право е тоа. Можеби има податоци што јас ги немам. Јас елаборирав со податоци дека е точно дека се пренатрупани затворите, имајќи во предвид дека во затворите има 2100 кревети, а на лице место во местото имаме 2260 осудени лица. Понекогаш се чудам како директорите успеваат да ги сместат лицата во установата и да ги имаат на број, вели директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ во емисијата „Студио 10“по критиките на новиот министер за правда, Кренар Лога дека состојбата во нашите затвори е алармантна.

Тој информира дека во затворот „Шутка“ има 135 кревети, а во моментов одлежуваат казна 226 осудени лица.

-Јас таму бев 9 години од мојот работен век и мора да се направи нешто за да се релаксира. Во „Шутка“ не спијат на под, но во КПУ „Идризово“ има таква појава бидејќи физички нема каде да сместиме кревети. Има некаде 40-60 луца кои спијат во ходник на душеци, информира Стојановиќ.

Треба да знаете
Последни објави