Кремљ соопшти дека Москва не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на прашање во врска со медиумските извештаи дека МКС наскоро се очекува да ги побара првите налози за апсење на руските функционери поради конфликтот во Украина.
Во 2016 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одбивање на Русија да учествува во Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.