Поради недостиг на муниција, Русија користи застарени гранати во војната во Украина, соопштија британските разузнавачи. Таа муниција досега се сметаше за неупотреблива, соопшти британското Министерство за одбрана.
– Во последниве недели, недостигот на руска артилериска муниција веројатно се влоши до тој степен што во сила е големо штедење во многу делови од линијата на фронтот, соопшти Министерството.
– Тоа е речиси сигурно клучната причина зошто ниту една руска единица не можеше да изврши оперативно значајна офанзивна акција во последно време, соопшти Лондон и додаде дека руската одбранбена индустрија сè повеќе добива карактеристики на планирана економија.
Властите во Москва признаваат дека индустријата е клучна слаба точка во војната која се повеќе се претвора во „војна на трошење“, соопшти Министерството.