Наместо да работат во интерес на граѓаните и реализација на ветените проекти, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се што прават е задолжување и партизација на општините.
За само 1 година и 3 месеци, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски го зголемиле долгот на општина Кисела Вода за 40 милиони денари.
Зголемување на долгот и обиди за дополнително задолжување преку општински обврзници има и во други десеттина општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Но парите од овие задолжувања наместо да се трошат на проекти и политики, тие се трошат непродуктивно и за вработување на партиски кадри во општините.
Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, пет милиони денари ќе потроши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…
Тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.
Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните.