Максим Камениецки, професор на Киевскиот институт за меѓународни односи, беше гостин на „Нови Дан” каде зборуваше за актуелната ситуација во Украина.
„Утринава 30 минути сме во воздушна тревога поради шест руски бомбардери кои се над руска територија, но се во близина на северната украинска граница и можат да вршат маневри со лансирање ракети. Повеќето од беспилотните летала насочени кон Киев се соборени, па бараат други можности да удрат објекти во Киев, како топланата која беше погодена во последниот удар. Дроновите сега не се толку опасни за Киев“, рече Каменечки.
Тој наведува дека Украина сега е поподготвена за воздушни напади.
„Веќе е формиран систем на дистрибуција на електрична енергија и пренос на некои можности од еден регион во друг, мислам дека најдовме некаков одговор на овие шокови и дека Украина стана пофлексибилна на таквите удари. Она што сега го таргетираат Русите не е ни енергетска структура“.
Тој додаде дека во последниот таков напад, околу еден милион жители на Киев биле без топла вода и греење меѓу еден и три дена.
Професорот Камениецки се осврна на Бахмут и неговата стратешка важност за двете страни.
„Бахмут е упориште. На тој фронт, каде што се водат борбите, одбраната може да се одржува со релативно помали сили против релативно поголеми сили. Тие поголеми сили се во неповолна ситуација, треба да потрошат големи резерви од својата работна сила“, посочи тој.
Тој ја коментираше и можноста за украинска контраофанзива.
„Се подготвува, колку што можам да видам. Се подготвува украинска офанзива. Како ќе биде? Нашата армија е помала од руската, имаме помалку резерви, но има начин да се организира. Претпоставувам дека се работи за некакво изненадување на противникот“, наведува тој и додава дека се надева дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.
Тој се осврна и на рускиот лидер Владимир Путин, наведувајќи дека не гледа никакви промени во неговата политика.
„Путин користи стратегија на лудак. Во некои случаи се покажа успешно. Не гледам можност Путин да се врати назад, но нешто може да се случи ако Путин ја напушти власта“, тврди професорот,прернесе Н1.