Шкријељ: Примарна цел е преквалификација на работоспособните невработени лица

Наша примарна цел е заштита и поддршка на најранливите категории на граѓани, рече пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во гостувањето во ТВ21.

-Токму затоа имавме дополнителна поддршка на сите приматели на гарантирана минимална помош. Со тоа покажавме дека во фокусот и приоритет ни се току овие категории на граѓаните. Притоа висината на гарантираниот износ се зголемуваше со растот на трошоците на живот, и тоа последно беше зголемување за 14%, рече Шкријељ.

Таа додаде дека целта на власта е да се мотивираат овие граѓани да излезат на пазарот на труд.

-Тие семејства кои надминуваат одреден лимит на приходи би требало да ги изнесеме на пазарот на труд. Во системот на социјална заштита имаме 36 илјади домаќинства и во нив има многу работоспособни лица, па затоа системот треба да им пружи преквалификација. Главен таргет ќе бидат корисниците на гарантирана минимална помош, рече Шкријељ.

Треба да знаете
Последни објави