Чаир му приреди студен туш на Пелистер

Седумнаесетото коло во македонската прволигашка кошаркарска конуренција е комплетирано со сензационална победа на Чаир во пресметката со Пелистер (88:77). За тимот на „чаирчани“ ова беше само петта победа сезонава, Пелистер го забележа четвртиот пораз и остана зад лидерот МЗТ Скопје. Одличен натпревар одигра токму поранешниот играч на битолскиот клуб, Мустафица, кој го заврши натпреварот со дабл-дабл од 28 поени и 15 скока. Во редовите на Пелистер, најефикасен беше Краутер со 26 поени.

Почетните минути од натпреварот не најавуваа изненадување, Пелистер и водеше со 16:21 по првата четвртина, а по втората на пауза заминаа со 25:33. Пресвртот започна на стартот од третата четвртина кога Чаир направи серија од 9:0 и поведе со 44:39. Набрзо следуваш и серија од 16:1, Чаир во еден момент имаше и 20 поени разлика (80:60).

Гостите од Битола не успеаја да се соземат од студениот туш кој им го приредија домаќините.

Треба да знаете
Последни објави