Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според агендата, Ескобар ќе имна средба и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Ескобар пристигна во Белград пред средбата на лидерите на Србија и Косово закажана за 18 март во Охрид. На оваа средба во Македонија на која Жозеп Борел и Мирослав Лајчек ќе имаат најпрво поединечни разговори со Вучиќ и Курти, а потоа сите ќе седнат на заедничка маса „очи в очи“ да го договорат анексот на предлогот од Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со кој ќе биде утврдена динамиката за спроведувањето на истиот.
Ескобар беше дел од европско-американскиот тим дипломати кои во јануари ги посетија Косово и Србија во напорите да се изнајде решение за нормализација на односите. По Белград, Ескобар пред новата рунда преговри во Охрид ќе ја посети и Приштина.