Фудбалерите на Фиорентина убедливо славеа (1:4) на гости против Сиваспор и доминантно се пласираа во четврт-финалето на Конференциската лига на УЕФА.
Сиваспор поведе во 35.минута преку Јесилурт, но потоа гостите од Фиренца доминираа. Израмни Артур Кабрал, а Миленковиќ го донесе гостинскиот тим во водство од 1:2. Гутас си постигна автогол во 79. минута, а потврда на триумфот дојде со голот на Кастровили.
Ѓургарден вторпат беше поразен од Лех Познањ, овојпат со убедливи 0:3. Марчвински го отвори резултатот, а во финишот стрелаа Квеквескири и Скораш. Лех Познањ со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната рунда.
Слован Братислава и Базел играат продолженија.