Спасовски: Зголемувањето на минималната плата ќе биде за техничкиот персонал

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за лица кои се од техничкиот персонал кои во моментов можеби немаат минимална плата од толку колку што е предвидено со законот. За полициските службеници, проценките ги правиме во рамките на Одделот за финансиски прашања и кога ќе ја донесеме одлуката за линеарно зголемување на сите вработени, тоа ќе го направиме, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој потенцираше дека заедно со Полицискиот синдикат работат на зголемување на платите и дека во најскоро време ќе излезат со целосна одлука.

-Во Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот на полициските службеници, тие имаат и сега поголема плата од оваа минимална плата која што е сега. Секако дека во однос на техничкиот персонал кој е вработен во МВР, станува збор за мал број на лица, платата ќе ја усогласиме и тоа ќе го спроведеме врз основа на Законот за минимална плата, рече Спасовски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Треба да знаете
Последни објави