Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез потпиша нов договор со Манчестер Сити, кој има важност до 2028 година. Раководстото на „граѓаните“ одлучи да му даде подобри услови на Алварез, за кого верува дека во иднина ќе биде еден од носителите на тимот. Тој дојде од Ривер Плата за 20 милиони евра, а оваа сезона е во втор план пред сѐ поради неверојатниот Ерлинг Халанд.
Сепак, Алварез беше одличен во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар каде докажа дека може да игра на врвно ниво.