Пожар избувна во зградата што ја користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во јужниот град Ростов на Дон.
Локалните жители изјавија дека слушнале силна експлозија пред пожарот, јавува Би-Би-Си.
Драматичните снимки на социјалните мрежи покажаа голем пожар кој зафати делови од зградата, а чад беше видлив низ градот.
Rostov-on-Don, Russia, today. pic.twitter.com/5ZZFQV7byq
— KyivPost (@KyivPost) March 16, 2023
Руските медиуми го објавија пожарот повикувајќи се на службите за итни случаи, велејќи дека зградата припаѓа на регионалниот огранок на граничната патрола на ФСБ.
Службите за итни случаи се на местото на пожарот, кој се чини дека гори во еднокатна зграда во станбена зона на градот.
ФСБ е служба за внатрешна безбедност на Русија и е одговорна за контраразузнавање, безбедност на границите и борба против тероризмот.