Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, кој беше поднесен од адвокатите Јанаки и Пешевски, нема да се најде на дневен ред.
Од вкупно 99 пратеници, 40 гласале ЗА, 58 ПРОТИВ и еден ВОЗДРЖАН.
И покрај денешниот апел на адвокатот Јанаки до пратениците во Собранието да дадат шанса да се разгледа предлог-законот, дел од нив сепак одлучија да не го дадат својот глас.