Ливерпул не успеа да направи сензација – „црвените“ синоќа загубија од Реал 1:0 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и го завршија настапот во Европа.
По поразот од Реал во финалето минатата година, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им порача на навивачите да резервираат сместување во хотелите во Истанбул, каде оваа сезона е борбата за трофејот. Сепак, нема ништо од тоа – Реал уште еднаш покажа дека е подобар тим од Црвените.
-Поразот со 5-2 на „Енфилд“ не е одличен резултат ако сакате да поминете. Мора да имате посебен ефект и не можевме да го направиме тоа вечерва. Реал Мадрид имаше подобри шанси, Алисон направи две фантастични одбрани. Подобриот тим помина, тоа мора да го признаеме. Ова е нокаут фазата. Не е тоа што го сакавме, но тоа е она што го добивме, изјави Клоп по натпреварот.
Тимот сега треба да се бори во Премиер лигата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
-Потребни ви се моменти во ваков натпревар, ако погодевме во првото полувреме, тоа можеше да ни даде искра, но ова е хипотетички. Беа подобриот тим во три од четирите полувремиња и затоа минаа, искрен беше Клоп.