Полициските службеници во Загреб ја завршија кривичната истрага за 29-годишен државјанин на Македонија и 35-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментов е во бегство, поради сомнение дека сториле кривичното дело тешка кражба и перење пари.
Се сомнева дека двајвата мажи ја искористиле немоќта и лошата здравствена состојба на жител на Дом за стари лица на крајот на јули 2021 година, откако засновале работен однос во установата, крадејќи мобилен телефон и банкарска картичка од лицето.
Осомничените од старото лице го добиле ПИН-бројот на картичката и од крајот на јули 2021 година до првата половина на септември 2021 година во шест наврати на повеќе банкомати подигнале пари од сметката во вкупен износ од 36.300 куни, соопшти хрватското обвинителство, пренесе „Индекс“.
Исто така, постои сомнеж дека на крајот на јули 2021 година картичката ја искористиле за уплата во четири наврати на две различни продажни места во вкупен износ од 198,90 куни. Потоа, од крајот на август до првата половина на септември 2021 година, во пет наврати префрлиле средства на сметката во вкупен износ од 20.500 куни.
Користејќи договорено мобилно банкарство, тие префрлале средства од сметката на човекот на сопствените банкарски сметки, како и на девизната сметка на 35-годишниот, со цел да го прикријат или лажно да го прикажат незаконското потекло на парите.
Вкупната материјална штета причинета со овие дела изнесува околу 11.820 евра. По завршување на кривичната истрага, 29-годишниот македонски државјнанин е во притвор. Посебен извештај е поднесен до надлежното државно правобранителство, додека по 35-годишниот државјанин на БиХ интензивно се трага.