Инспекторите на нуклеарното набљудување на Обединетите нации открија дека околу два ипол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиштето во Либија кое повеќе не е под контрола на владата на земјата, се вели во денешното соопштение според Ројтерс.
Во текот на вчерашниот ден, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 барели со околу два и пол тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда на ураниум), кој Либија претходно го пријавила за складирање на таа локација, тие не ја нашле на локацијата“, рече шефот на МААЕ, Рафаел Гроси.