Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.