Рашиди повеќе нема да биде пратеник, туку директор на МЕПСО, на неговото место доаѓа Ремзи Мемеди

Ремзи Мемеди од Алијансата за Албанците ќе биде новиот пратеник во Собранието.

Мемеди доаѓа на местото на својот сопартиец Сурија Рашиди, кој поднесе оставка во законодавниот дом и стана директор на МЕПСО со влезот на Алијансата за Албанците во владината коалиција.

Собранието ја констатира оставката на Рaшиди на денешната 106. седница.

Седницата ќе продолжи по добивањето на извештајот од Државната изборна комисија за верификација на мандатот на новиот пратеник.

Треба да знаете
Последни објави