Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска (16.03.2023 година) ќе учествува и ќе се обрати на вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. Настанот ќе се одржи во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, со почеток од 12:30 часот.
Претседавач на состанокот ќе биде министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а ќе учествуваат и експерти од ресорните министерства, од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, од Црвен крст на Република Северна Македонија, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување како и повеќе приватни пензиски друштва.
Ги покануваме сите заинтересирани фоторепортери и сниматели за проследување на настанот во Свечена сала да бидат во Медија центарот на Владата најдоцна до 12:00 часот.
По завршувањето на состанокот на Советот на социјална сигурност, ќе следува прес-конференција каде ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевки, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.