Синдикат на УПОЗ: Пратениците да го поддржат барањето за повисоки плати во Бирото за јавни набавки и во Управата за имотно-правни работи

Синдикат на УПОЗ денеска на својот фејсбук профил упати апел до пратениците да го поддржат барањето со кое и вработените во Бирото за јавни набавки, како и во Управата за имотно-правни работи ќе добијат 30 отсто зголемување на платите.

Според УПОЗ, доколку на денешната седница не се изгласа предлогот, вработените во Управата за имотно-правни работи, ќе ги вратат сите овластувања и задолженија што ги имаат добиено и нема да извршуваат работни задачи.

-Последен апел до народните избраници да го поддржат барањето на Синдикатот на УПОЗ со кое и вработените во Бирото за јавни набавки и во Управата за имотно-правни работи ќе добијат 30 отсто зголемување на платите, се наведува во фејсбук објавата.

Треба да знаете
Последни објави