Тито Петковски: „Да! Тој доаѓа“ се надевам мислат на Фатмир Битиќи

Неофицијалната кампања што ја започна ДУИ под слоганот „Да! Тој доаѓа“, денеска ја разбранува македонската јавност.

Своето мислење за кампањата на ДУИ како и можноста Македонија да добие премиер Албанец, на својот Фејсбук профил го искажа и поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.

„Читам: ‘Да! Тој доаѓа’ е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и поодговорен член на Владата во овој момент не постои. Освен тоа, Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ”, напиша Петковски.

Треба да знаете
Последни објави