Министерот за економија, Крешник Бектеши, откако пазареше со премиерот Димитар Ковачевски, констатираше дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат и соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.
-Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити.Предлозите биле точни, направени со сите компании. И денеска уште еднаш се потврдува, дека да, кога се сака, се има простор, за кризата да не биде на грб на граѓаните. Сакам да се заблагодарам на сите инспектори, кои се на терен по цел ден и ноќе, со цел да бидат правични, а да нема штети кај потрошувачите ниту граѓаните. Компаниите не трпат загуби, а придобивка најголема добиваат граѓаните, кажа Бектеши.
Тој додаде дека е убеден дека ќе има компании што и дополнително ќе ги намалат цените, без разлика на мерките.
-Ако самите ги намалуваат, имаме простор да ја зголемиме конкурентност. До крајот на наредната недела ќе подготвиме информација до премиерот со детална анализа на секој производ и согласно тие анализи ќе се дизајнираат новите мерки кои ќе следат во април. Тие ќе бидат насочени кон стопанството, а секако ќе бидат насочени и кон граѓаните односно за тие што имаат најголема потврда и што немаат доволно приходи за справување со кризата“, додаде Бектеши.