Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг ги повика денеска Киев и Москва да ги обноват мировните преговори „што е можно поскоро“, нагласувајќи дека Пекинг стравува дека конфликтот „може да ескалира и да излезе од контрола“.
„Пекинг се надева дека сите страни ќе останат смирени, ќе покажат воздржаност, ќе ги продолжат мировните преговори што е можно поскоро и ќе се вратат на патеката на политичкото решение“, му рече Ганг на својот украински колега Дмитро Кулеба.
Тој додаде дека „Кина се надева дека Украина и Русија ќе ја задржат надежта за дијалог и преговори“.