Неспособноста на Владата благовремено да набави лекови за ретки болести на граѓаните, не треба и не смее да се затскрива позади лагата дека законите ја кочат набавката, истакна Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.
„Веднаш лекови согласно постоечките закони!!! Владата бесрамно се обидува да печали на зравјето и животот на граѓаните. Законски измени во законот за лековите и медицинските средства и законот за здравственото осигурување се направени единствено за системски грабеж, додека пациентите повторно ќе останат без лекови. Ниту еден живот не смее да биде загубен заради неспособноста, навремено да се набават лекови“, додава Мизрахи.
Ничија мајка, сестра, сопруга и деца, како што додава, не смеат да плачат заради загубен живот кој можел да биде спасен но не е, заради криминал, недомаќинлук, неспособност и суета.
Оценува дека предлог законот за дополонување на Законот за лековите и медицинските средства, иако Владата се обидува да го претстави како решение на проблемот со набавката на лекови за ретките болести, содржи само малверзации.
„Со законот Министерството за здравство склучува посебни договори со фармацевски компании, по предходна согласност од Владата. Најскандалозно во овој закон е тоа што цената по која што ќе биде набавен лекот од производителот ќе се третира како деловна тајна што е во директна спротиставеност со Законот за јавни набавки. Ова значи дека фармацевската компанија која што го набавила лекот ќе може да го продава лекот многу постапо отколку што го набавила, а притоа лицето кое што ќе го купи лекот нема да добие рефундација на средствата“, вели Мизрахи.
Ова, според неа е класична злоупотреба на лицата со ретки болести и богатење на грбот на овие лица кои што единствено што бараат од државата е да го преживеат секој ден.
„Мои сограѓани со овој закон сами ќе си го купите лекот по вртоглави цени и за тоа нема да добиете рефундација на средствата. “, Владата не се грижи за вас туку за само за посебните договори од кои некој лично ќе печали“, истакнува Мизрахи.