Во Украина пристигнуваат првите борбени авиони МИГ од западните сојузници

Полска ќе испрати четири борбени авиони МиГ-29 во Украина во наредните денови, изјави полскиот претседател, што ќе биде првпат Киев да добие авиони од своите сојузници.

„Прво, буквално за неколку дена ќе испратиме, колку што знам, четири авиони во Украина кои се целосно подготвени за летање“, рече Анджеј Дуда на прес-конференција. „Другите се подготвуваат, сервисираат“, додаде тој.

Дуда рече дека Полска има 10 до 20 авиони МиГ-29.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека авионите би можеле да бидат испорачани за четири до шест недели. Полска испрати 14 германски тенкови Леопард 2 во Украина.

И Словачка размислува да ги испрати тие авиони во Украина, но се уште не донела одлука.

Треба да знаете
Последни објави