Тешки денови за најтрофејниот фудбалер во историјата, Даниел Алвес, кој веќе втор месец е во притвор, каде што го чека судењето за силување. Почнал штрајк со глад и се наоѓа во лоша емотивна и психичка состојба.
Бразилецот веќе три дена не јадел ништо, престанал да комуницира со останатите затвореници, седел заклучен сам во ќелија, а сето тоа почнало откако неговата сопруга Хоана Санс му кажа дека ќе побара развод.
Шпанската манекенка и на социјалните мрежи објави писмо во кое ја потврдува својата одлука да го прекине бракот.