Собранието ги изгласа законските измени за побрз пристап до лекови за ретките болести

Собранието ги донесе измените на законите за здравственото осигурување и за лековите и медицинските средства, со кои ќе може директно да се набавуваат лековите за ретките болсти.

Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, беше усвоен едногласно, со поддршка од 81 пратеник.

За Предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, гласаа 82 праатеници.

Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде овозможена директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек кој нема конкуренција на пазарот, каков што е лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза. Се очекува тоа да овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести.

Измените на Законот за здравствено осигурување се однесуваат на комисијата која предлага лекови што се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека дополнително ќе закаже продолжение на 106. Седница, на чиј дневен ред има уште 12 точки.

Треба да знаете
Последни објави