Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Приштина по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека се надева на добри вести од Охрид.
Ескобар на заедничката прес-конференција рече дека очекува продуктивна средба во Охрид.
„Сакаме да обезбедиме целосна поддршка за секој исход што носи мир во регионот и ги зголемува можностите за соработка меѓу Белград и Приштина и му овозможува на целиот регион да стане полноправна членка на евроатлантската заедница“, рече тој.
Габриел Ескобар вели дека САД веруваат дека европскиот предлог нуди огромни можности за воспоставување мирни, одржливи и продуктивни односи.
„Очекуваме позитивен исход од средбата во Охрид. Јас сум голем оптимист дека ќе се постигне мирно решение. Се надевам дека ќе имаме добри вести по сабота“, рече Ескобар.