Вицепремиерот Артан Груби на својот „Фејсбук“ профил објави дека и американскиот филантроп, Александар Сорос, играл фудбал во неговиот кабинет.
Тој објави фотографија од средбата со Сорос, која ја опиша како „пријателски разговор“ околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион.
Минатата недела, најкоментирана тема низ македонските медиуми беа фотографиите од министрите од редовите на ДУИ кои беа фотографирани како играа фудбал во кабинетот на Груби.