Пригожин тврди дека Путин и Патрушев му кроеле заговор зад грб

СВЕТ

Пригожин тврди дека Путин и Патрушев му кроеле заговор зад грб

Објавено пред 1 минута 

 – 17 март, 2023

Од Макфакс

Евгениј Пригожин тврди дека рускиот претседател Владимир Путин и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев смислиле заговор зад неговиот грб.

Добивај вести на вибер

Во последниот извештај на Институтот за проучување на војната (ISW) се наведува дека на 16 март прес-службата на основачот на „Вагнер“ објавила наводно барање за коментар кое го доставила до шефот на „Вагнер“ од рускиот весник „Независимаја газета“.

Пригожин тврди дека бил прашан дали знаел за наводните разговори меѓу Путин и Патрушев за иднината на „Вагнер“ и дека планот на Путин и Патрушев бил да ја поткопа и неутрализира групата „Вагнер“.

Прес-службата на Пригожин наведува и дека информациите за разговорите меѓу Путин и Патрушев неодамна кружеле на руските и украинските телеграмски канали, како и дека Патрушев му рекол на рускиот претседател дека од „Вагнер“ нема да остане ништо за еден и пол до два месеци.

Патрушев, наводно, веќе наредил набљудување и контрола на движењето на поранешните борци на „Вагнер“, а Путин се согласил со тоа и му се заблагодарил на Патрушев за неговите напори да го неутрализира „Вагнер“, а особено Евгениј Пригожин, се вели во соопштението на прес-службата на Пригожин.

Сепак, ISW во својот извештај посочува дека не наишла на информации што би навестиле дека такви разговори се воделе меѓу Путин и Патрушев.

„Нема потврда за оваа тема, што сугерира дека Пригожин конструирал заговор за промовирање на „Вагнер“ и сопствената репутација“, објави ISW.

Треба да знаете
Последни објави