Фудбалерите на Борусија Дортмунд убедливо го совладаа Келн на „Сигнал Идуна Парк“ во 25. коло од Бундес лигата со резултат 6:1.
„Милионерите“ ќе преноќат на првата позиција на табелата со бод повеќе од Баерн, кој во недела гостува во Леверкузен, Келн остана на 13. место со 27 бодови.
Домашните ги разрешија сите дилеми околу победникот по нешто повеќе од половина час игра. Рафаел Гереиро го отвори резултатот во 15. минута, Себастијан Але две минути подоцна го удвои водството на својот тим, а Марко Ројс во 32. и Дониел Мален во 36. го комплетираа брилијаното прво полувреме.
Во 42. минута напаѓачот на гостите Дави Селке го совлада Александар Мајер и тоа беше се од играчите на Келн на овој натпревар.
Во вториот дел, во 69. минута, Але го постигна својот втор гол, а искусниот Ројс во следниот напад го постигна својот 150. гол во дресот на Борусија и го постави конечниот резултат 6:1.
Во следното коло, на 1 април, Дортмунд ќе гостува кај Баерн во Минхен, Келн ќе се обиде да ја прекине серијата лоши резултати на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.