Утрово во Охрид, во пресрет на денешните разговори меѓу Вучиќ и Курти, Али Ахмети заедно со Бујар Османи оствари средба со премиерот на Косово, Албин Курти. Фотографии од средбата на својот Фејсбук профил објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој напиша: „Средба меѓу Али Ахмети и Албин Курти пред денешниот дијалог. Поддршка за да се постигне историски успех“.