Заврши првиот дел од трилатералната средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на Европската унија, во Охрид. По паузата, разговорите продолжија.
По таа средба, за која не се знае колку ќе трае, се очекуваат одвоени обраќања на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, а предвидено е и Борел да одржи конференција за медиумите.