Канаѓанката, Александрија Лутит постави нов светски рекорд за жени на леталницата во Викерсунд, Норвешка.
Во третата тренинг серија Лутит скокна 222 метри и со тоа го подобри рекордот на Словенката Ема Клинец, која во првата серија имаше скок од 203 метри.
Словенката денеска стана првата ски-скокачка која ја прескокна магичната граница од 200 метри.
Норвежанката Марен Лундби (212,5 м) и Јапонката Јуки Ито (200) прелетаа над 200 метри во третата серија.