ГИ ,,УБИЈА” ПО ТРЕТ ПАТ.
Иницијативата за донесување на Законот за амнестија на скопските адвокатите Ј.М и Д.П во Собранието на РМ ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од тие кои го поднесоа предлогот и кои беа најгласни за слобода на затворените сега не гласаа. Побегнаа односно не дојдоа на гласање.
По трет пат осуммина ги убија ,,своите” – оние кои ги донесоа на тие позиции. Прв пат овие луѓе беа убиени кога нивните поранешни партиски шефови ги наместија да влезат во Собранието, втор пат кога ги осудија и сега по трет пат кога им ги срушија сите надежи.
А кога партиските шефови собираа политички поени на нивен грб тогаш им ветуваа се и сешто. Се топореа пред камерите, пишуваа постови, вени сечеа за нив. Ронеа лажни солзи на секое нивно споменување. Но, кога требаше да го реализираат ветеното и кажаното побегнаа. Се скрија како глувци во дупка.
И треба ли сега нешто повеќе да се каже за овие гнаси кои си играат со судбината на луѓето и нивните семејства.
Во Македонија сė е во знакот на бројот 8.
• Осуммина функционери на МВР (порапеншно РСВР) се суспендирани во 90-тите години на минатиот век. Врз нив е извршена брутална политичка репресија.
• Осуммина пратеници гласаа за промена на името на државата и за уставните промени во 2019 година.
• Осуммина вработени во МВР беа осудени за издавање лажни возачки дозволи во 2021 година.
• Сега во 2023 година повторно осуммина не гласаа за Предлог Законот за амнестија.
Судбинска 8